
ДИРЕКТОРОТ НА АВТОМОБИСКИОТ ГИГАНТ ЗАРАБОТУВА 10 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО! На работниците им крати плати, а зема плата од две фирми
Извршниот директор на Volkswagen (VW) и Porsche, Оливер Блум, минатата година заработи повеќе и покрај тоа што се откажа од дел од својата плата. Со пензиски придонеси и бонуси за неколку години тој во 2024 година добил речиси 10,35 милиони евра.
Тоа е за 6,5 отсто повеќе од претходната година, кога заработи 9,7 милиони евра, се вели во деловниот извештај на групацијата. Вкупната плата се состои од приходи од VW и нејзината подружница Порше. Блум е на чело на двете компании.
Блум, како и целиот одбор на директори на концернот, се откажа од пет отсто од фиксната плата во Фолксваген во 2024 година, па основната плата му беше намалена од 1,3 на 1,235 милиони евра, пренесува агенцијата dpa.
Променливиот дел од платата во VW исто така беше нешто помал од претходно. Меѓутоа, во исто време, приходите на Блуме во друга компанија – Порше – се зголемија.
Вкупно деветте членови на менаџерскиот тим на групата заработија околу 40 милиони евра. Во наредните години се планираат поголеми кратења.
Во текот на оваа и следната година, членовите на раководството се откажуваат од 11 отсто од вкупниот приход. Со непроменети плати тоа значи заштеда за групата над четири милиони евра годишно.
После тоа, намалувањата постепено ќе се укинуваат.
