Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Директорот и пет лица од Националниот парк „Пелистер“ нелегално сечеле дрва
Магазин

Директорот и пет лица од Националниот парк „Пелистер“ нелегално сечеле дрва

27/10/2024

AA

Битолското Основно јавно обвинителство поднело обвинителен предлог против пет физички лица и Јавната установа Национален парк „Пелистер“ како правно лице поради нелегална сеча на дрва кои потоа ги продавале во име и на сметка на Националниот парк.

Тие, како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, се товарат за кривичното дело пустошење шума, според член 226 од Кривичниот законик (КЗ).

Обвинение во врска со случајот, додаваат од Обвинителството, е поднесена и против в.д. директорот на Националниот парк „Пелистер“, како одговорно лице. Тој е обвинет за несовесно работење во службата според член 353в од КЗ.

Делото за кое се товарат петтемина, од кои тројца се шумски работници, го сториле на неутврден датум во периодот од крајот на септември до 9 октомври минатата година на местото Голема Ливада во рамките на Националниот парк. Тие исекле поголема количина дрва без одобрение и без претходно извршен преглед од инспектор за шумарство.

„Врз основа на усна наредба на двајцата првообвинети, преостанатите тројца шумски работници, без претходно одобрение и извршен преглед на ознаката за сеча од овластен инспектор за шумарство од Државниот инспекторат за шумарство, од Националниот парк ‘Пелистер’ бесправно исекле 85 стебла молика и 24 стебла ела во вкупна количина на дрвна маса од 168,63 кубни метри, со намена за нивна продажба како дрвна маса во име и за сметка на обвинетото правно лице ЈУ Национален парк ‘Пелистер’“,се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

В.д. директорот на Националниот парк, пак, е обвинет дека од небрежност несовесно постапувал при извршувањето на своите овластувања и должности и не обезбедил законито и соодветно управување на установата.

„Тој бесправно исечените дрвја и друга дрвна маса за која нема доказ дека е сечена согласно закон ги продавал во име и за сметка на ЈУ Национален парк ‘Пелистер’ Битола како техничка дрвна маса на три правни лица, со што обвинетиот прибавил имотна корист на ЈУ Национален парк ‘Пелистер’ Битола во износ од 1 752 287 денари (околу 28 500 евра)“, информираат од Обвинителството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy