ДИРЕКТОРОТ ДУШАН ПЕЦОВСКИ КУПУВА АКЦИИ ВО „РЕПЛЕК“ – еве колку сега изнесува неговиот акционерски капитал
Малку по малку, но раководството на фармацевтската компанија „Реплек“ континуирано продолжува да купува акции од ова акционерско друштво.
Оттаму вчера соопштија дека нови три акции купил претседателот на Упрваниот одбор, кој е и главен извршен директор на компанијата, Душан Пецовски, додека, пак, со две акции се стекнал членот на УО, Коста Котески.
Пецовски сега располага со 12,06 проценти од ова акционерско друштво.
„Известуваме за следната ценовно чувствителна информација: Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македоснска берза АД Скопје, Реплек АД објавува дека акционер со над 5 отсто претседателот на Управен одбор Пецовски Душан се стекна со нови три акции, со што поседува вкупно 3.125 или 12,06 отсто од вкупниот број на акции. Исто така членот на Управен одбор Котески Коста се стекна со 2 нови акции, при што вкупно поседува 26 обични акции“, се вели во објавата на Берза од компанијата.
Душан Пецовски е најголемиот поединечен акционер во компанијата и всушност имаат доминантен пакет заедно со неговиот брат Владимир.
Кога раководството купува акции, се смета дека тоа е знак на доверба во компанијата со која управуваат, како и во перспективите на нејзиниот бизнис.
Н.Н.Ф.