Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Директорката на ЈП Комунална хигиена пријави закани: Не сме политичка партија ниту приватна фирма, нема да дозволам политички центар да не контролира!
Македонија

Директорката на ЈП Комунална хигиена пријави закани: Не сме политичка партија ниту приватна фирма, нема да дозволам политички центар да не контролира!

08/07/2023

AA

Директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева денеска на прес-конференција информира дека нема да дозволи политички центар да ја контролира работата на комунална хигиена и дека се поднесени пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон други вработени.

– Нема да дозволам другите вработени да бидат жртви на уцени на ова добро познато подземје. Комуналан хигиена не е политичка партија ниту е приватна фирма, туку јавно претпријатие и нема да дозволам политички центар да ја контролира работата. Овие лица кои ја блокираат работата не се членови на синдикатот, ниту се вработени. Незадоволството е затоа што донесов одлука за сменско работење и сите вработени треба да ротираат во три смени. Тоа е спротивно на праксата која била со години само одредени лица да работат во трета смета и да добиваат бенефиции за тоа. Најголем дел од нив не се појавувале на работа и не ги извршувале своите обврски. Затоа што ставив крај на таквата пракса овие лица сега организираат блокада, а имаат други работни места и бизниси, рече Мазнева.

Според неа, оваа група им се заканувала на останатите вработени да не излегуваат и да работат, и како што рече, затоа во среде лето не се собира ѓубрето и се загрозува здравјето на граѓаните на Скопје.

Мазнева на прес-конференцијата информира дека на вработените во Комунална им биле зголемени платите во март за 864 денари. Таа истакна дека договорите за работа не им се продолжени на оние кои воопшто не се појавувале на работното место.

Инаку, дел од вработените во Комунална хигена неколку дена бараат средба со директорката барајќи повисоки плати, исплата на К-15 и бенфициран стаж.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy