Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДИРЕКТОРКАТА НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ЌЕРКА НА ДОНЕ ТАНЕВСКИ, МАРИЈА, ГО ЗАСИЛУВА ПОРТФОЛИОТО –  расте цената на акциите на компанијата
Економија

ДИРЕКТОРКАТА НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ЌЕРКА НА ДОНЕ ТАНЕВСКИ, МАРИЈА, ГО ЗАСИЛУВА ПОРТФОЛИОТО – расте цената на акциите на компанијата

16/07/2024

AA

Директорката на Македонијатурист и ќерка на Доне Таневски, Марија Таневска, е купувачот на 300 акции на компанијата, кои пред околу десетина дена преку блок трансакција поминаа на берзата. Со овој пакет таа сега располага со 736 акции на компанијата.

Компанијата за ова преку ценовно чувствителна информација на Берзата ја извести инвеститорската јавност. 

„Известуваме дека Мирјана Таневска – Ефремова, Претседател на Управен Одбор на Македонијатурист АД Скопје, се стекна со 300 обични акции издадени од Македонијатурист и сега поседува 736 обични акции“, се вели во објавата од компанијата. 

Фактор веќе пишуваше дека „Македонијатурист“ е дефинитивно акционерско „бојно поле“, односно очигледно дека има неколку инвеститори кои сериозно купуваат акции во таа компанија. 

Објавивме дека блоктрансакцијата со 300 акции, каде всушност купувач е Таневска, поминала со цена на акциите од 6.800 денари за акција, што значи дека за нив биле платени над 33 илјади евра. 

Состојбата на Централниот депозитар за хартии од вредност покажува дека над 5 отсто акционери, е таква што Доне Таневски поседува 22,21 отсто, Соња Бибамовска има 11,27 отсто, а пензискиот фонд „Сава“ располага со 8,8 проценти од акциите. Самото АД поседува 10 отсто од акциите. 

Почнувајќи од април годинава, кога во просек била нешто над 5.000 денари, цената на акциите на „Македонијатурист“ постојано оди нагоре, за на 5 јули и на редовниот пазар акциите да се продаваат по 6.800 денари за акција. 

На 11 јули, пак, кога било последното тргување, цената на акциите на компанијата достигна дури 7.480 денари за акција, но беше истргувана многу мала количина од само 15 акции.

Инаку, во април лани објавивме дека наследничка на уникатниот Доне Таневски е неговата ќерка Мирјана, која неколку години наназад е вклучена во високото раководство на друштвото. Оттогаш таа го има главниот збор во управувањето со најголемата македонска хотелиерска компанија

Мирјана Таневска-Ефремова тогаш стана претседателка на Управниот одбор на најголемата македонска хотелиерска компанија „Македонијатурист“. На претседателското место Мирјана го наследи нејзниот татко Доне Таневски, македонскиот маг во хотелиерскиот бизнис и човек кој повеќе од 40 години успешно ја развиваше и водеше „Македонијатурист“. 

Доне Таневски сега е претседател на Надзорниот одбор на оваа компанија. Заедно со Доне Таневски активното раководење со „Македонијатурист“ го напушти и неговата дводецениска „десна рака“ Соња Бибановска која воедно е и втор најголем акционер во најголемата македонска хотелиерска компанија. Но, тие и натаму се најголеми акционери, а Доне Таневски постојано купува акции и го зајакнува своето акционерско портфолио во таа компанија, па ако тогаш имаше околу 19 отсто, сега поседува над 22 отсто од капиталот на компанијата.

Најголемата хотелиерска компанија во Скопје, а воедно и во Македонија, поседува шест хотели.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 ВМРО-ДПМНЕ ИЗБРА НОВИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРТИСКИ КОМИСИИ Клековски, Тошковски

10/02/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИ МАКИ ВО ОХРИД: Студентскиот дом „Никола Карев“ веќе 12

09/02/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ЈУГОИСТОЧЕН ВЕТЕР Дождот ќе преминува во снег на

09/02/2026
Македонија

УСТАВОТ НЕ СЕ ТОЛКУВА ПО ЛИЧНА ПРОЦЕНКА ИЛИ ВПЕЧАТОК Филков

09/02/2026
Македонија

ПРАВО Е НА СИНДИКАТИТЕ ДА ПРОТЕСТИРААТ Владата веќе склучи историски

09/02/2026
Македонија

„Го слушаме гласот на членството“: Мицкоски најави големи кадровски промени

09/02/2026
Македонија

МАЈКА ТЕРЕЗА СТАНУВА ЗАШТИТНИЧКА НА КАЛКУТА: Архиепископијата ѝ оддава чест

09/02/2026
Македонија

„Стоматологот да не толкува право“: Филков му врати на Сали

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41261
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 ВМРО-ДПМНЕ ИЗБРА НОВИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРТИСКИ КОМИСИИ Клековски, Тошковски и Перински добија клучни улоги

10/02/2026

Новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на редоцна седница избра повеќе претседатели на партиски комисии, при што за претседател на

СТУДЕНТСКИ МАКИ ВО ОХРИД: Студентскиот дом „Никола Карев“ веќе 12 часа без струја

09/02/2026

Студентите сместени во државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид веќе повеќе од 12 часа се оставени во информативен и

ЌЕ ДУВА ЈУГОИСТОЧЕН ВЕТЕР Дождот ќе преминува во снег на планините

09/02/2026

Времето во вторник, 10 февруари, ќе биде променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy