
ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ ВО ПОДГОРИЦА: Бугарскиот претседател ја напушти владината зграда по 4 минути чекање на премиерот Спајиќ?!
Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ задоцни на средбата со бугарскиот претседател Румен Радев во Подгорица, по што целата бугарска делегација ја напушти владината зграда! Средбата била планирана за 17 часот, бугарскиот претседател кој е во официјална посета на Црна Гора пристигнал навреме, но по четири минути чекање ја напуштил зградата на Владата во Подгорица. […]