
Динамо за осум минути го растури Балкани, Ристовски одигра 90 минути
Се на овој меч беше решено во период од осум минути, од 69. до 77. минута во кој Динамо ги постигна трите гола. Отвори Периќ, а потоа Петковиќ два пати го матираше противничкиот голман за слатка одмазда за поразот во првиот меч против истиот ривал. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ги одигра сите 90 минути и тоа мошне солидно.
Најголем добитник од последното коло е Макаби Тел Авив кој во директниот дуел за првото место во својата група го победи Гент со 3-1 и нема да игра бараж. Викторија Плзен е единствената во оваа конкуренција која ја заврши групната фаза со максимални 18 бода.
РЕЗУЛТАТИ
Бриж – Бодо 3-1
Динамо – Балкани 3-0
Лил – Клаксвик 3-0
Лугано – Бешикташ 0-2
Макаби – Гент 3-1
Слован – Олимпија 1-2
Викторија Плзен – Астана 3-0
Зорја – Бреидбалик 4-0.