
Динамо во 2022 година имал заработка од 44 милиони евра, а чист профит од – 1,1 милион
Најголем дел од приходите на Динамо од тие 44 милиони евра се од приходите од УЕФА за европските успеси, а загрепчани во оваа сезона, есеноска играа во групната фаза во Лигата на шампионите, па севкупно од европските мечеви заработката им била три четвртини од вкупните приходи – 32 милиони евра.
Од друга страна само на плати на фудбалери, Динамо потрошил 24,4 милиони евра, пари кои се на пример поголеми и од целиот буџет на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а смешна е секоја друга споредба со македонските „елитни“ клубови.
Загрепчани веќе децениски се пример како се создаваат и се продаваат фудбалери, а цената е исклучително висока зашто повеќе од деценија, хрватскиот првак не пропушта сезона да игра во групна фаза во европските натпреварувања.
Пред два дена капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски го продолжи договорот на „Максимир“ до јуни 2025 година, со опција за продолжување на истиот.
