
Динамо летово ќе заработи 20 милиони евра од трансфери на – поранешни фудбалери!
Убедливо најголема сума во касата на „модрите“ ќе стигне од Јошко Гвардиол, кој се очекува наскоро да биде продаден од Лајпциг во Манчестер сити за отштета од 110 милиони евра. Хрватскиот гигант има право на 20-отсто на разликата од парите кои ќе ги добијат Германците и сумата која тие им ја исплатија при купувањето од Загреб за вкупни 19 милиони евра, а која изнесува околу 18 милиони евра. „Модрите“ очекуваат 2,3 милиони евра од преселбата на Марцело Брозовиќ од Интер во Ал Наср, додека преселбата на Ковачиќ од Челси во Манчестер сити ќе им донесе дополнителни 600.000 евра.
Сето ова значи дека летово во касата на Динамо Загреб непланирано ќе се слеат повеќе од 20 милиони евра, што е една третина од планираниот буџет за новата сезона, но и уште еден доказ дека овој клуб работи убедливо најдобро во регионот.
