
Динамо го разоружа ПАОК и со два гола предност ќе оди во Солун (ВИДЕО)
Загрепчани тотално го надиграа противникот и го оставија речиси без ниедна изгледна шанса за гол. Од друга страна, ги искористија своите можности за победа од 2-0 која ги носи блиску до пласман во четвртфиналето од Конференциската лига.
Херој на мечот беше напаѓачот Бруно Петковиќ кој ги постигна двата гола за Динамо. Првиот во 37. минута кога одлично се снајде против двајца противнички играчи, а вториот во 71. минута по извонредното додавање пд Батурина. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ги одигра сите 90 минути.
Голеада вечерва имаше на дуелот меѓу Макаби Хаифа и Фиорентина во мечот кој заврши со 4-3 за италијанскиот тим. Победничкиот гол го постигна Барак во петтата минута од судиското продолжение.
РЕЗУЛТАТИ
Динамо – ПАОК 2-0
Макаби Хаифа – Фиорентина 3-4
Ројал Унион – Фенербахче 0-3
Сервет – Викторија Плзен 0-0
