Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитров: Не очекуваме проблеми со снабдување со струја, но со цената се е можно во текот на зимата
Економија

Димитров: Не очекуваме проблеми со снабдување со струја, но со цената се е можно во текот на зимата

24/09/2023

AA

Бизнис секторот не очекува проблеми со снабдување на струја во текот на зимата, но околу ценатта се е можно, вели Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Забележува дека војната на европскиот континент меѓу Украина и Русија, како и најавата за затвoрaње на нуклеални центри се причините зошто го имаат овој став.

– Проблемите со Русија се останати, значи гасот е многу скап. Многу земји произведуваат струја и на гас, еве слушнав дека  се прават ремонти, максимално нашите македонски капацитети да ги искористиме. Но, тие не се доволни и сигурно нема да бидат доволни за целата индустрија, туку само за граѓаните и за малите микро компании. Додека ние сме изложени на цената на берзата на Будимпешта, на Хупекс и таа во овој момент е издржлива. Но, очекувам за време на зимата да биде нешто поголема – вели Димитров.

Посочува дека оние македонски компании кои инвестираа во соларни централи на своите покривни конструкции ќе имаат можност да ги намалат.

– Еве ние направивме уште една додатна централа од 200 киловати – вели Димитров.

Во штипскиот и светиниколскиот регион се користат покривните конструкции, но и се бара и земјиште кое е од пониска категорија за поставување на сончеви централи.

Лазар Хаџи Николов од Одделот за урбанизам во Општина Штип вели дека во моментов во Општина Штип во тек се 40 постапки, а градоначалникот на Општина Свети Николе Дејан Владев за МИА информира дека  во Свети Николе има 30 компании, на кои фотоволтаиците се распространети на 50 хектари и произведуваат струја.

Во штипско-светиниколскиот регион ќе се гради најголемата фотоволтаична централа на Балканот. Се очекува за неколку месеци да стартува изградбата, а карактеристично е и што на неа ќе се поставуваат агроволтаици, со цел да се искористи земјиште за производство на храна.

Централата „Стипион„ кој ќе биде со моќност до 400 мегавати ќе се гради во атарите на селата Три Чешми, Врасаково, Криви Дол и Мустафино и ќе се простира на околу 500 хектари земјоделско земиште. Освен во штипската, централата ќе зафаќа дел и од светиниколската општина. Со ова Штип ќе стане пионер во искористењето на обновливите извори на енергија.

Француската инвестиција тешка околу 300 милиони евра е единствен од ваков тип во регионот. Освен што ќе се произведува струја, земјоделците под панелите ќе може да одгледуваат бостан, тикви и крставици.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy