Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: ЗНАМ ќе го зголеми капацитетот на затворите, ќе го отвори јавниот долг, и има план да ја крене Македонија од пепел
Македонија

Димитриевски: ЗНАМ ќе го зголеми капацитетот на затворите, ќе го отвори јавниот долг, и има план да ја крене Македонија од пепел

30/01/2024

AA

Отворање на нови капацитети во затворите и поставување на информативна табла за јавниот долг на државата ќе бидат првите два проекти на коишто ќе работи идната влада предводена од движење ЗНАМ доколку ја добие поддршката од граѓаните, изјави лидерот на овој политички субјект и градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски во вчерашното гостување во „Само вистина“.

„Првиот проект ќе биде дополнување на капацитетите на затворите и тоа на затворот во Скопје во Идризово, затворот во Струмица и уште градба на два нови затвори. Едниот ќе биде сигурно лоциран во Кичево и другиот ќе се договориме со идните коалициони партнери. Откако ќе ги наполниме тие затвори, вториот проект ќе биде ќе ставиме табла со информација колку е јавниот долг на Македонија и колку пари се имаат истрошено до сега во Македонија и зошто. Потоа ќе излеземе со сериозните партнери и ќе направиме стратешки план како ќе ја креваме Македонија од пепел бидејќи Македонија во моментот е спуштена на дното, а молкот е повеќе од срам“, потенцираше Димитриевски.

Ова за Димитриевски е економски проект бидејќи, како што вели тој: „на тој начин ќе се потрудиме тие коишто ги украдоа парите од оваа држава да не побегнат надвор како што побегнаа многу, а власта им го дозволи тоа“.

Димитриевски остро реагираше и на ставовите на Меџити, кој иницираше дека доколку нема уставни измени нема да има ниту влада, особено што во таа влада како услов мора да има партија од албанскиот блок, на што Димитриевски му одговори:

„Ние во Куманово велиме „И без петла свануе“. Ако дојде до такво нешто, ќе има влада која ќе ја состават македонски политички партии, мнозинство, со претходно потпишување декларација, која што ќе ја поддржат истите и ќе дадат секогаш отворена врата на политички субјект што доаѓа од друга етничка заедница да се приклучи во рамките на поддршката за сите плански програми коишто ќе ги понудиме на граѓаните на избори. Ние имаме Устав, закони и позитивни прописи во државата и се водиме по нив. И јас и вие сме исти пред законот. Јас посакувам да партиципираат во владата претставници од сите етнички заедници. Ние креираме мултиетничко општество, но во ниту еден момент ЗНАМ нема да дозволи некој да уценува со одредени пристапи и присилно да наведува некого. Државата без народот е ништо. Но, ако правата на најголемото мнозинство во државата, а тоа е македонскиот народ којшто живее овде не се почитуваат, тогаш сме во сериозен проблем. Ние до вчера зборувавме дека Албанците не сакаат да живеат со Македонците, така беше наративот. Денеска се поставува едно многу битно прашање: Што ќе се случи со државата ако македонскиот народ го каже поинаку?“, порача Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy