
Димитриевски: Задоволен сум од платата, ама јас од плата не живеам!
Претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски го изнесе својот став во однос на најавените намалувања на функционерските плати.
Тој во емисија на ТВ21 истакна дека нема ништо против да се намалат платите, но и дека има луѓе кои имаат голема одговорност, кои потпишуваат документи кои подлежат на кривична одговорност.
Димитриевски ја искористи можноста да појасни дека неговата материјална состојба не зависи од буџетските средства.
„Јас сум бил задоволен и сум задоволен од платата која ја примам, бидејќи јас од платата не живеам. Се занимавам со приватен бизнис од 1998 година, и поради полтиката го оставив тоа. Работев во странство, инвестирав и реинвестирав, и од политиката не живеам, и затоа сум слободен секому да му кажам тоа што мислам“, рече Димитриевски.

