Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски вели дека за поставување на музејот на УЧК, дознал од медиумите: „доколку се работи за какви  било пречекорување на градба или дивоградба ќе дадеме налог да се отстрани“
Македонија

Димитриевски вели дека за поставување на музејот на УЧК, дознал од медиумите: „доколку се работи за какви било пречекорување на градба или дивоградба ќе дадеме налог да се отстрани“

06/11/2023

AA

До Oпштина Куманово не пристигнало никакво официјално барање за поставување на Меморијален центар, спомен облежје или каков било споменик на подрачјето на општината, изјави за МИА кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Тој побарал и вонреден инспекциски надзор. За поставувањето на музејот на УЧК, Димитриевски дознал од медиумите.

– Нема никакво барање пристигнато до Oпштина Куманово за поставување на спомен-плоча, спомен обележје, меморијални центри или каков било тип на ваков објект од кого било. Јас дознав за оваа информација преку медиумите. Веднаш утрово побарав да се изврши вонреден инспекциски надзор од страна на градежна инспекција на посочената локација и во текот на денот, најдоцна утре треба да добијам официјална информација од надлежните инспекциски служби. Ние како општина ќе постапиме во согласност со нашите законски овластувања и првично доколку се работи за какви било пречекорување на градба или дивоградба ќе дадеме налог да се отстрани од страна на инвеститорот во спротивно ќе поведеме постапка за извршување, изјави Димитриевски.

Загрижувачки за него е што таквиот објект го пуштаат високи претставници на ДУИ, што според него не оди во насока на градење на добри мултиетничко општество. Тој ги прозва и парнерите во власта СДСМ за кои кажа дека дозволуваат вакви однесувања.

– Многу повеќе ме загрижува дека тоа беше направено, помпезно од високи претставници на ДУИ и дефинитивно не оди во насока на градење на мултиетничко општество. Ова го потврдува самовластието на партнерите во власта ДУИ коишто повеќе од 20 години се однесуваат така. За нив, за жал, законите не важат. Наместо да бидат тие што ќе ги почитуваат, тие се првите коишто не ги почитуваат и се ставаат себе си над законот, а од друга страна нивниот партнер во власта, а тоа е раководството на СДСМ молчи на сите вакви појави во општеството и час поскоро сето ова треба да запре, да се промени оваа неодговорна власт. Да почнеме да градиме заедничка иднина, а не да се делиме по етнички или други основи со вакви еднострани и незаконски чинови, изјави Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy