Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Вадењето нови лични документи требаше да биде финансиски покриено од државата
Македонија

Димитриевски: Вадењето нови лични документи требаше да биде финансиски покриено од државата

11/01/2024

AA

„Ова е срамота што им се прави на граѓаните на Македонија. Првенствено целиот тој процес требаше да биде завршен и финансиски покриен од страна на државата, да не се изложуваат граѓаните на дополнителен трошок бидејќи тие не се виновни за тој договор што се случи. Одговорноста е на власта, на политичката елита која што владее. Срамно е да ги гледаме вака граѓаните каде стојат во коли и се туркаат за да добијат личен документ, а уште поголем срам е нефункционалноста на министерството за внатрешни работи да ја спроведе целата постапка. Истата не е изнудена од вчера, таа беше планирана подолг временски период. Треба да им се каже на граѓаните “Да, имате рок толку време, дополнително се пролонгира рокот и сето тоа ќе биде бесплатно бидејќи вие не сте виновни за тоа што морате да ги промените сопствените документи”, вели лидерот на новиот политички субјект Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус за хаосот на пунктовите за вадење нови лични документи коишто се приморани сами да ги плаќаат наместо државата.

Димитриевски дополнително посочува и дека Преспанскиот договор не се почитува и исполнува од грчка страна, за кои вели дека немаат имплементирано ништо од нивните обврски по однос на договорот, а граѓаните го гледаат тоа.

„Договорот има две страни и двете страни имаат обврски. Од другата страна немаме мрднато ни милиметар. Оваа година сите ја посетивме Грција и сеуште не постои табла ниту со република Северна Македонија, туку пишува едно знакче Скопје. И таму централната власт ја префрла топката на регионалната или локална власт во делот на Солун, а локалната власт пак ја префрла топката на централната власт. И затоа според мене овој договор можеби можел да се уреди со дополнителни договори и анекси да се допрецизираат некои работи”, додава тој, потенцирајќи дека актуелната власт ќе си замине, по што ќе дојдат нови посериозни луѓе кои ќе ја завршат работата и тоа на сметка на државата.

На прашањето дали може да се случи граѓаните да не можат да го остварат своето гласачко право доколку не ги промениле своите лични документи, Димитриевски вели дека не знае за сигурно, но секако не ја исклучува можноста за изборни злоупотреби како што било пример во сите изборни циклуси до сега.

„Имало злоупотреби на сите изборни циклуси и јас тоа го почувствував на локалните избори во Куманово многу директно и брутално со инволвирање на голем дел од државниот апарат во изборниот процес, вклучувајќи и злоупотреба на многу поединци коишто беа вработени претходно во МВР и други државни институции. Сепак, не верувам дека некој би се дрзнал да оди до толку далеку и да програмира или планира такви активности бидејќи сметам дека народот во тој момент ќе биде крајно разочаран и ќе се почувствува изневерен, злоупотребен и ќе реагира на такво нешто”, порачува Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 БАЛКАНСКИТЕ ЛИДЕРИ НА НЕФОРМАЛНА ВЕЧЕРА КАЈ СИЉАНОВСКА ДАВКОВА Утре

26/11/2026
Македонија

Реагираше и Ердоган по инцидентите во Грузија, турскиот претседател телефонски

26/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИСКИТЕ ВОЗИЛА ЌЕ СТАНАТ ПОДВИЖНИ РАДАРИ Ќе снимаат и казнуваат

26/11/2026
Македонија

„МОЖЕШЕ ДА БИДЕ МНОГУ ПОСТРАШНО“ – ПОЖАРНИКАРИТЕ ЗА ДРАМАТА ВО

26/11/2026
Македонија

ТОШКОВСКИ НАЈАВИ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ И НОВИ УНИФОРМИ ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ Ќе

26/11/2026
Македонија

„ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ“ РАЗГЛЕДУВА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА Николоски откри за

26/11/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ СИ ГО ЗАПАЛИЛ СТАНОТ, ОСУМ ЛИЦА ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА

26/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРВА ГО ЗАВРШИ ТЕХНИЧКИОТ ДИЈАЛОГ ЗА РОАМИНГОТ Мицкоски најави

26/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46952
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 БАЛКАНСКИТЕ ЛИДЕРИ НА НЕФОРМАЛНА ВЕЧЕРА КАЈ СИЉАНОВСКА ДАВКОВА Утре ќе разговараат за европската перспектива

26/11/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва во Охрид ги пречека лидерите и претставниците на државите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, на неформална

Реагираше и Ердоган по инцидентите во Грузија, турскиот претседател телефонски разговараше со претседателот на Бешикташ

26/11/2026

Настаните во грузискиот град Батуми, каде што навивачите на турскиот фудбалски клуб Бешикташ се соочија со интервенција на полицијата за

ПОЛИЦИСКИТЕ ВОЗИЛА ЌЕ СТАНАТ ПОДВИЖНИ РАДАРИ Ќе снимаат и казнуваат прекршоци додека се во движење

26/11/2026

Системот „Безбеден град“ ќе добие нова функција – полициските возила ќе бидат опремени со паметни камери и радари што ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy