Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Никогаш не било полошо во државата
Македонија

Димитриевски: Никогаш не било полошо во државата

13/11/2023

AA

“Треба да се промени политичката гарнитура којашто е на власт и да дојдат нови луѓе кои ќе делуваат одговорно и ќе постапуваат согласно законот. Законот мора да биде над сите и сите да бидеме исти пред законот а факт е дека челниците на ДУИ и СДСМ сега се над законот. Во континуитет следиме дека меѓународната јавност преку своите претставници, дипломатите овде во континуитет потенцираат дека Македонија е “Мека и Медина” на корупцијата и организираниот криминал. Власта тоа го потврдува иако во минатото го негираше. Мора сериозни да бидеме кон ваквите извештаи кои доаѓаат од надвор бидејќи не само пречката која доаѓа од Бугарија туку и истите овие извештаи можат да бидат пречка за понатамошниот интегративен процес. Затоа велам дека оваа власт мора да понесе одговорност на следните парламентарни избори кога и да се и народот да одлучи. Никогаш не било полошо во државата”, вели градоначалникот на Општина Куманово и лидер на новоформираната политичка партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски во вечерашната дебатна емисија “Само вистина” на Канал 5 телевизија, со градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети.

Димитриевски искажа јасен став дека актуелната власт не прави ништо да ја промени лошата состојба во земјата и покрај негативните извештаи што ги добива од Европската унија, коментирајќи го последниот извештај на ЕК за којшто вели дека е дел од општата реалност во Македонија.

“Ако вие имате гласање во парламентот на закон и измена на КЗ со европско знаменце кој што има за цел да ги самоамнестира постоечките политички елити и дополнително да остави простор за амнестија на оние кои што до вчера беа на власт, исто така да им остави простор на оние кои што ќе дојдат да се самоамнестираат и да одговараат по шест месеци затвор по членот 353 за злоупотреба на службена должност и овластување со проневера со државни пари, тоа се лоши примери. Ако има многу меѓународни претставници коишто укажуваат во континуитет дека работите во Македонија лошо врват, вие гласате закон во Собрание со европско знаменце каде подоцна евроамбасадорот ви вели дека тоа не е европски закон”, додава Димитриевски, осврнувајќи се на Коридорот 8 како пример за нетранспарентност и криминал, давајќи му целосна одлучувачка моќ на вицепремиерот Груби да договара и склучува договори без претходна техничка документација и проект.

“Ние сме градоначалници и пред да се реализира било каков проект во општината, потребно е да обезбедиме техничка документација, почетен проект, проект за градба, предмет пресметка, да распишеме тендер, да извршиме избор на тендерот и потоа да избереме изведувач и да потпишеме договор. Случајот со Коридор 8 е избор на фирма која ќе проектира и избор за фирма надзор која се занимава со производство на долна облека, на која се уплаќа аванс и се даваат околу 160 милиони евра за еден сериозен коридор. Го деградирате министерот за транспорт и врски и го ставате вицепремиерот Груби како да е експерт за ова и одеднаш носите фамозен закон со кој што на изведувачот му ги давате сите можности”, заклучува тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy