Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Не смее да си дозволиме таков дефокус и пад на концентрација како со Украина!
Спорт

Димитриевски: Не смее да си дозволиме таков дефокус и пад на концентрација како со Украина!

18/06/2023

AA

Македонската „единица“ Столе Димитриевски посочи дека можеби е подобро Македонија добро да игра и во помали периоди, ама фокусот и концентрацијата да останат на максимално ниво во 90 минути, одошто перфектна игра како со Украина еден час, па потоа сериозен пад, во пресрет на утрешниот евроквалификациски меч со Англија на „Олд Трафорд“.

Македонија гостува кај лидерот во „групата на смртта“, кој по три меча е максимален и посакува победа со која практично ќе исчекори кон пласманот на Еуро 2024 во Германија, па Димитриевски очекува меч во кој Македонија може да одговори на големиот предизвик.

„Треба да го дадеме нашиот максимум, а ако тоа го направиме и заедно со фокусот да биде на највисоко ниво ќе извадиме добар резултат, зошто да не и победа. Очигледно е дека заморот е голем, крај на сезона е, но ништо не мора да значи. Имаме одлична екипа со топ фудбалери кои може да одговорат на ваков предизвик и на вака високо ниво какво што нѐ очекува, само да го задржиме фокусот и концентрацијата на највисоко ниво. Само така може до поволен резултат“, вели Димитриевски.

Болниот пораз од Украина со 2-3 после наше водство од 2-0 е веќе минато, но Димитриевски посочива дека мора да се извлечат поуки за овој следен меч.

„Да, одигравме перфектно со Украина цели 60 минути, ама мечот трае 90 минути и мора да сме самокритични, зашто не останавме на високото ниво на концентрација во целиот меч. Тоа нѐ чинеше пораз. После тој пораз може само да продолжиме, нема изговори. Не смее да си дозволиме таков дефокус и таков пад на концентрација. Сега нѐ чека нов меч, ново докажување и можеби е подобро во минутажа да играме така добро во помал период, а цел меч да бидеме фокусирани и концентрирани. Така можеме до добар резултат, било реми или победа“, додава Димитриевски/

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy