Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Не очекувам ништо од лидерската средба, се нема капацитетност!
Македонија

Димитриевски: Не очекувам ништо од лидерската средба, се нема капацитетност!

06/06/2023

AA

„Лично не очекувам ништо од лидерската средба, бидејќи сметам дека се нема капацитетност да се изнајде соодветно компромисно решение. На Македонија и е повеќе од потребно прагматичен пристап којшто ќе ги заштити националните и државните интереси, првично на Македонскиот народ како државотворен народ на оваа држава, а исто така и да упати јасна порака до сите припадници на етничките заедници во државата да бидеме разбрани како народ којшто се бори за нешто што е негово и сака да го сочува своето битие и минато“. Ова вечерва го потенцираше градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Димитриевски, истакна дека ако се водиме од фактите дека двете страни, позицијата и опозицијата во моментов се со тврди ставови во една и друга насока, земајќи го во предвид и меѓународниот притисок којшто доаѓа од надвор и сите упатени пораки до нас дека се потребни уставни измени за државата да се придвижи напред.

„Моите ставови по однос на ова прашање во јавноста се познати. Мене искрено ми е жал што претходните два предлози коишто ги дадов заедно со здружението првенствено не беа ни разгледани, ниту пак беа елаборирани доволно во јавноста. Едниот предлог беше да се донесе соодветна декларација од страна на другата страна којашто го наметнува овој проблем од нивниот законодавен дом кадешто ќе се гарантира Македонскиот јазик, континуитет, македонската државност, нација, но повеќе од јасно е дека нема политичка волја од другата страна да се донесе такво нешто бидејќи за жал јас тоа го констатирав во Бугарија последниот пат кога бев на Бугарската национална телевизија дека Бугарија е закоравена во ставовите после 48-ма година во Сталинистичките методи е за жал на тоа поле во однос на Македонизмот којшто искрено им смета нема мрднато ни чекор напред. Од друга страна, вториот предлог беше една таква декларација којашто ќе даде гаранција од меѓународната заедница, во овој случај Европската Унија бидејќи согласно францускиот предлог ние разговараме за мултилатерално прашање, не за билатерално прашање кадешто се направи суштинската грешка и согласно преговарачката рамка ние сега сме должни да разговараме на оваа тема. Не го знам епилогот на утрешната средба, но еве јас во оваа прилика сакам да понудам и на јавноста и политичките лидери едно ново трето решение. Доаѓам од мултиетничко Куманово, град којшто има 9 етнички заедници регистрирани и во мојот кабинет од пред извесно време како се заврши пописот бидејќи се имаат изјаснето 350 мои сограѓани како етнички бугари на пописот стои и бугарското знаме. Тоа воопшто не е пречка за мене, но во овој момент Бугарите се реален проблем во евро-интегративниот процес на Македонија“, рече Димитриевски.

Тој информираше дека суштински може да биде разрешен овој проблем доколку се отворат амандманите, се донесе одлука за проширување со останатите етнички заедници и делови од народот како што преамбулата ги дефинира, но првенствено во завршните одредби на амандманот да стои дека неговата практична примена на имплементација ќе биде од моментот на полноправно членство на Македонија во Европската Унија.

„Можеби треба да се изврши дополнителен политички притисок од страна на меѓународната заедница до нив како страна којашто го создаде проблемот бидејќи ништо во овој момент, никој не може да ни гарантира дека ние нема да се соочиме со следни вета. Ако се вратам сега на основниот наратив којшто канцеларот Шолц го наметна во неговиот говор во евро-парламентот кадешто рече дека треба да се стават ветата во минатото и треба генерално наративот на Европската Унија во приемот на нови членови да се бара други решенија со едно просто мнозинство без можност за вета како би можело конечно Европската Унија да го постигне нивото на целосно проширување. Ајде да се вратам на зборовите на почитуваниот претседател Макрон во Братислава кадешто во една иста конотација рече дека Западен Балкан не смее во ниту еден момент да се остави да биде предмет на поткусурување на некои други интереси, бидејќи ние сме де-факто Европа и мора да станеме член на Европската Унија. Сметам дека Европската Унија ќе мора многу повеќе да поработи во делот на пораките коишто ги испраќа кон нашиот политички естаблишмент да ги пренасочи директно кон Софија“, посочи Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy