Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Македонија во моментов се трансформира во приватна држава, треба да се влезе во процес да се ослободи државата
Македонија

Димитриевски: Македонија во моментов се трансформира во приватна држава, треба да се влезе во процес да се ослободи државата

15/12/2023

AA

“Живееме во екстремно централизирана држава каде што локалните власти немаат големи можности за да манифестираат и реализираат сериозни проекти бидејќи парите генерално се централизирани во државата, а централната власт максимално од ден во ден ги злоупотребува со голем број на афери коишто се секојдневие и сметам дека треба да се влезе во процес за да се ослободи државата. Македонија во моментов се трансформира во приватен облик на владеење, приватна држава”, изјави денеска градоначалникот на Општина Куманово и лидер на новиот политички субјект ЗНАМ- За наша Македонија, Максим Димитриевски.

Според Димитриевски, загрижувачки е фактот што Македонија како држава се претвори во апартхејд и токму поради начинот на владеење од актуелните политички структури.

“Гледате дека сега во последниот период се употребува зборот апартхеид, Македонија всушност живее во еден политички апартхеид каде што политичката елита којашто владее и е на власт во моментов, всушност ги ужива сите права, додека сите останати не ги уживаат истите права како и власта”, дополнува тој.

По официјалното потпишување на иницијативата за формирање политички субјект ЗНАМ – За наша Македонија, Димитриевски вели дека одржале основачко собрание, ги предале потребните документи пред надлежен државен орган за регистрација на субјектот, процес којшто сеуште трае поради неажурноста на институциите.

Како и вообичаено што одат нештата, секогаш одат споро во Македонија. Чекавме еден месец за официјален одговор од министерство за правда дали можеме да го користиме името Македонија во регистрација на партијата, меѓутоа не добивме конкретен одговор. Поднесовме документи пред надлежен суд и сеуште чекаме одговор, но како и да е, ние веќе се чувствуваме како политички субјект којшто е поддржан од граѓаните. Излеговме со билборди да ја запознаеме јавноста со нашиот слоган, да ја запознаеме јавноста со брендот, името на партијата и продолжуваме активно да работиме на терен, да се организираме и да формираме општинска организација во секоја урбана, урбано-рурална и рурална средина на територија на Македонија, истакнува тој.

Тој истакнува дека неговите ставови се левичарски, особено во делот на економските и социјалните политики во државата, а што се однесува до националниот пристап, порачува дека тие одат кон центарот, повремено и десно, бидејќи како што вели, на никој не му е забрането да биде патриот.

-Тоа што некои го изедначуваат патриотизмот со национализам е нивен проблем. Мојот став е дека сме Македонци со свој јазик, историја и култура. Елементарната поставеност на ЗНАМ ќе биде на крушевските и асномските корени и тоа е суштината за постоењето на оваа држава. Основната цел сега ни е да излеземе на следните парламентарни избори, да ја дадеме нашата политичка понуда на граѓаните, а крајниот епилог ќе го видиме на изборите и после тоа. Граѓаните ќе имаат можност да одлучат, порачува лидерот на политичкиот субјект ЗНАМ, Максим Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy