
Димитриевски: Кај нас мафијата е таа којашто ја води и поседува државата
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител потенцираше силна поддршка на американската амбасадорка во делот на заложбите за борба против корупцијата.
„Се сондира мислењето на граѓаните, на експертите. Вие не доведувате во заблуда, си правите договор, го потпишувате, си ракоплескате таму, го собирате дипломатскиот кор којшто подоцна не може да излезе од изјавите и мора да се правда зошто присуствувал таму. И на крајот, корупцијата. Па каде е корупцијата, кој може да прави корупција? Тој што е во власта, затоа јас ги поздравувам силно заложбите на американската амбасада и верувам дека ќе најде начин и даде одредена поткрепа на институциите, т.е на професионалците во институциите да се борат суштински против корупцијата. Во Македонија постои корупција, во Македонија постои градежна мафија, јас тоа го чувствувам на локално ниво, и за жал Македонија се трансформира во држава во која не само што има мафија, туку првенствено секоја држава во регионот и пошироко има мафија, но за жал кај нас ќе константирам еден ден дека мафијата е таа којашто ја води и поседува државата. И мора да ставиме крај на тоа“, рече Димитриевски.
