
Димитриевски и Рајо триумфираа на гостувањето кај Хетафе
Македонскиот голман Столе Димитриевски не беше ниту еднаш совладан, а мечот го реши Серхио Камело со голови во финишот на првото полувреме и на стартот на вториот дел.
Хетафе притоа доби и два црвени картони, и тоа најпрво Латаса беше исклучен во 40. минута, а потоа и Гринвуд во 50. минута.
Рајо со оваа победа стигна до 23 бода по 19 одиграни меча, додека Хетафе има три бодови повеќе во Ла Лига.
