
Димитриевски: Државниот грб ги задоволува историските и географските потреби одразувајќи ја реалноста на македонскиот народ
Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, смета дека државниот грб ги задоволува историските и географските потреби, одразувајќи ја реалноста на македонскиот народ и држава.
Тој вели дека ако се отвори дискусија за промена на грбот или обележјата, ќе следи широка дебата. Според него, сите симболи, како лавот и сонцето од Кутлеш, кои не се дел од иконографијата по Преспанскиот договор, имаат значење. Не сака да отфрли ништо од почеток.
Димитриевски додаде дека ЗНАМ се против наметнување на политички интереси и партизација во државните обележја.
Денес, тој учествуваше на дебатата за измени на Законот за локална самоуправа во Скопје.