Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Да се намали бројот на пратеници, да се укине апанажата, јавниот обвинител да го предлага опозицијата
Македонија

Димитриевски: Да се намали бројот на пратеници, да се укине апанажата, јавниот обвинител да го предлага опозицијата

11/04/2024

AA

На Македонија и треба претседател пред се со интегритет, со став, со карактер и со принципи, со кои ги штити националните, државните интереси и пред се граѓаните, бидејќи оваа држава во своето минато ретко кога можело да забележи дека еден претседател се одважил да каже „не“ на политичкиот субјект што го предложил или на политичкото мнозинство. Претседателот треба да биде олицетворение на секој граѓанин.

Ова го нагласи претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски, вечерва во Топ Тема на Телма телевизија и ги повика граѓаните на 24-ти масовно да да излезат на избори.

– Изборот е ваш. Токму вие сте тие кои ќе ја одлучите судбината на Македонија, Сметам дека со масовниот одѕив првенствено ќе кажете не на политичката елита која што 30 години манипулира со сите нас во државата. И дополнително ќе внесете една нова свежина на политичкиот простор која ќе отпочне секојдневно посветено да работи на решавање на секојдневните проблеми на граѓаните, им се обрати Димитриевски на граѓаните.

На прашањето со кого би сакал да се соочи во вториот круг, тој изрази уверување дека ќе успее да влезе во вториот круг и дека, како што нагласи, ќе го победи кој било друг противкандидат.

– ЗНАМ ќе биде еден од главните фактори на следната политичка сцена, која овие ставови што јас ќе ги застапувам апсолутно нема да ги промени во ниту еден момент, потенцира тој.

Во врска со можноста дијаспората да гласа, ставот на Димитриевски е дека секој што поседува македонски пасош, документ, македонско државјанство треба да има можност да го оствари своето право на глас, без разлика каде и да се наоѓа во светот.

Дали е за укинување на патните трошоци за пратенциите и апанажата на функционерите, Димитриевски дефинитивно е за укинување на апанажата, е за исплата на реални патни трошоци, а не, рече, на фингирани патни трошоци.

– Што се однесува до бројот на пратениците не само што сметам дека треба да се намали бројот на пратениците во Парламентот, туку дополнително да се изедначи гласот во Македонија на секој граѓанин, бидејќи со овој модел не е така. И Македонија треба да стане една изборна единица, да се укинат одредени министерства коишто трошат многу пари особено на продуктивни трошоци на крајот на годината, а тоа прочитајте го значи исто, трансферирање или перење пари, истакна претседателскиот кандидат на „ЗНАМ“.

На новинарско прашање дали црковно верските заедници би требало да плаќаат данок, според него сите треба да плаќаат данок без разлика кој е регистриран како правен субјект.

Димитриевски не е за либерализација на користење на марихуана затоа што, како што посочи, сметаат дека марихуаната е дрога и без разлика на сите обиди знаејќи дека тука се вртат многу пари сметам дека ќе биде штетна помладите генерации.

Димитриевски говореше и за јакнењето на партнерството во НАТО и за членството на нашата држава во ЕУ. Според него, се немаме поместено напред ниту еден милиметар во однос на преговарачкиот процес и сите ветувања, како што рече, дека Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ до 2030 година се чиста манипулација со јавноста, бидејќи пред да влеземе треба да исполнеме 35 поглавја поединечно.

Го повтори решението што го нуди, а тоа е влез на Бугарите и на останатите етнички заедници во Уставот, но со пролонгирано дејство на амандманите од Уставот и нивно важење и внесување во Уставот од моментот кога Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ, со цел, потенцира меѓу другото Димитриевски, да се самозаштитиме од други барања и дополнително да добиеме други гаранции.

– Никој не сака отворено да каже дека македонскиот јазик и прашањето за јазикот ќе се разговара како претпоследно поглавје што мора да го затвориме како држава апликант за полноправно членство во ЕУ. Тогаш многу е битно да стои македонски јазик, со што бугарската страна согласно ваквата декларација никогаш нема да го прифати, рече Димитриевски.

Најави дека „ЗНАМ“ како политички субјект и по претседателските и по парламентарните избори ќе понудат документ што ќе ги дефинира сите национални прашања на македонскиот народ првенствено, бидејќи, подвлече, македонскиот народ е базата што ја создава оваа независна Македонија.

– Ќе побараме подоцна постигнување национален консензус кај Македонците поддршка и од останатите етнички заедници, пред се мислејќи на претставниците на албанскиот политички блок бидејќи мора да имаат разбирање за нас како народ, рече меѓу другото тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy