
Димитриевски: Јас како кандидат ќе ја почитувам народната волја, на сите граѓани на Македонија
Денес кандидатот за претседател од Движењето ЗНАМ– За наша Македонија, Максим Димитриевски гласаше и на граѓаните им посака успешни избори и да победи демократијата во Македонија.
– Народот да се одважи, да излезе, што помасовно и да ја даде поддршката на тој за кој смета дека ја заслужува. А секако јас како кандидат ќе ја почитувам народната волја, на сите граѓани на Македонија. Нека денешниот ден биде празник на демократијата во Македонија и на Балканот, изјави Димитриевски.
Според него, гласањето се одвива непречено со одредени технички проблеми на некои поединечни гласачки места.
– Со оглед дека водевме нерамномерна кампања, особено во делот на медиумското спонзорирање каде што најголем дел од средствата ги имаат самонаречените големи партии, мислам дека граѓаните тоа го препознаваат и на крајот ќе излезе ставот што тие ќе го кажат. Очекувам така да продолжи и во текот на денот, но кога ќе се пребројат гласовите тогаш ќе биде се јасно, рече Димитриевски.

