Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Ајнштајнот од Форино менифестирајќи триумфализам го крши Уставот и законите во државата
Македонија

Димитриевски: Ајнштајнот од Форино менифестирајќи триумфализам го крши Уставот и законите во државата

02/02/2024

AA

„Државата се наоѓа во многу лоша состојба, гледаме еден невиден триумфализам и за жал морам овде да кажам од Ајнштајнот од Форино, Талат Џафери којшто е избран за технички премиер и манифестира чист триумфализам притоа кршејќи го Уставот и законите во државата, а и Македонија наликува на се само на организирана држава не. И одговорноста е моја и на граѓаните да се одважат и да излезат на следните парламентарни избори, едните како кандидати, а другите како гласачи. Да ги промениме нештата бидејќи нема кој друг да го стори тоа, вели лидерот на новиот политички субјект Движење ЗНАМ – За наша Македонија и градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски во вечерашното издание на Дневникот на МРТ1.

За него курсот на државата е јасен, а тоа се евроатлантскиот пат и ЕУ интеграциите, но притоа Македонија мора да се трансформира од зависна во финансиски независна држава.

„Треба да се најде начин како да се придвижи стопанството напред. Тие луѓе кои што сакаат искрено и чесно да работат во државата да им се даде шанса, а корупцијата да се сузбие во целост. Дали ќе успееме во тоа нема да зависи само од нас и од нашата понуда, туку првенствено од самите граѓани како тоа ќе не перцепираат на следните парламентарни и претседателски избори“, истакнува Димитриевски.

Димитриевски како лидер на Движењето ЗНАМ вели дека голема е веројатноста да биде носител на некоја од изборните единици на претстојните парламентарни избори, притоа не исклучувајќи ја можноста и за друг тип на кандидатска позиција, но сепак за тоа ќе одлучуваат органите и телата на партијата, додава тој. Движењето ЗНАМ ќе има свои кандидати во сите шест изборни единици.

„Ние имаме намера да излеземе со сериозна понуда пред граѓаните, со остварлива програма и едноставно да ги придвижиме нештата на напред. Како ќе биде конечната анкета ќе биде всушност гласот на народот којшто ја има суштински согласно Уставот најголемата сила. За жал во моментот сите оние кои што ја имплементираат власта се ставаат над граѓаните и посакуваат да имаат целосна контрола и на системот и на граѓаните. Затоа имаме едно политизирано општество, политизирано судство, обвинителство и сите институции кои што се во функција на политичките субјекти коишто во континуитет владеат со оваа држава. Ние имаме за обврска како ЗНАМ да го ослободиме овој систем од таквите феномени што постојат во нашето општество и да им дадеме на граѓаните да живеат во држава во која сите ќе имаат еднакви права и еднакви можности“, заклучува тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy