Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриеска-Кочоска: Солидарниот данок би можеле да им го вратиме на компаниите со пребивање
Економија

Димитриеска-Кочоска: Солидарниот данок би можеле да им го вратиме на компаниите со пребивање

19/02/2025

AA

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека кризниот солидарен данок, чие законско решение неодамна Уставниот суд го поништи, би можел да им биде вратен на компаниите со пребивање.

Тоа би значело дека оние 50 милиони евра кои еднократно беа дополнително оданочени од околу 150 компании, би можело да им се вратат така што тие во наредниот период не би ги плаќале тековните даноци за истата сума која треба да им се врати.

–  Но секако, како и претходно ќе најдеме начин да ги сервисираме обврските и да обезбедиме стабилност во јавните финансии. Во наредниот период ќе седнеме и ќе разговараме со компаниите кои биле опфатени со ова законско решение и можеби ќе се разгледа и можноста за пребивање. Секако дека сме посветени на фискална консолидација, ефикасно трошење на средствата и ефикасно прибирање на приходите, одговори меѓудругото министерката на едно од прашањата во денешното интервју за Независен.

Уставниот суд донесе одлука да го поништи Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата, односно ние граѓаните, ќе треба да им вратиме околу 49,2 милиони евра на 156-те најпрофитабилни компании кои во 2022 година беа еднократно оданоечни со т.н. солидарен данок.

Данокот на солидарност беше воведен како еднократна, вонредна јавна давачка во 2023 година. Со него беа задолжени сите компании кои оствариле профит над 615 милиони денари во 2022 година. Околу 150 компании мораа да платат задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година.

Целта на законот, како што објаснуваше претходната влада на СДСМ, беше да се соберат средства за ублажување на последиците од здравствената и екномската криза и да се придонесе за јавните расходи на солидарен начин.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy