Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД
Економија

Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД

10/04/2025

AA

Владата ќе ја продолжи дискусијата со администрацијата на САД за воспоставување слободна трговија, вели министерката за финансии во изјава за медиуми од Економскиот форум во Делфи, на кој во економскиот дел во фокусот се последните одлуки на САД за царините.

„Клучно е дека Европа е подготвена, многу е смирена. Тука се присутни претставници и од Светска Банка и од ММФ, од ЕБОР и гледам една смиреност кај нив.  Мислам дека работите за брзо време ќе се вратат во нормала. Една беше дискусијата вчера со толку високи царински стапки,  денеска веќе е нешто друго, нешто што и американската економија може да го поднесе. Не очекувам некое големо влошување особено за македонската економија. Заклучоците од економистите на Форумот се дека ова е крајот на глобализацијата и дека економистите се едногласни оти Америка најмногу ќе страда бидејќи очекуваат инфлација таму и многу низок раст на економијата“, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа најави дека следната недела патува во Вашингтон на Пролетни средби на ММФ и Светска банка каде ќе ја искористиможноста за средба во Трезорот на САД. 

„Зошто да не се обидеме да ја искористиме ситуацијата во наша полза. Дискусијата за слободна трговија останува и тука не се откажуваме“  вели Димитриеска – Кочоска.

Според неа од овие одлуки најмногу последици ќе трпи американската економија. „Таму“, како што додава, „може да се каже дека доколку продолжат одлуките такви какви што се ќе влезат во стагфлација, односно намалување на растот, можеби негативен раст и инфлацијата со сигурност на нивно тло, а сето тоа во Европа ќе оди задоцнето“, истакна министерката за финансии.

Министерката Димитриеска-Кочоска учествува на 10. Економски форум што се одржува во грчкиот град Делфи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Апелација денеска одлучува по жалбите за случајот со Вања и

11/05/2026
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“: Системот ни ги уби децата,

10/05/2026
Македонија

Сончев почеток на неделата, променливо облачно во следните седум дена

10/05/2026
Македонија

ПАНИКА ВО АЕРОДРОМ: Змија во близина на детско игралиште, жителите

10/05/2026
Македонија

„Македонија не ве заборава“: Мицкоски го отвори споменикот на македонските

10/05/2026
Македонија

Штип ги обезбедува училиштата со аларми и 190 камери по

10/05/2026
Македонија

Тошковски положи свежо цвеќе во Инџиково и Бутел во чест

10/05/2026
Македонија

Во ноќен клуб во Охрид уапсени танчерки од Русија, Бугарија,

10/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43192
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Апелација денеска одлучува по жалбите за случајот со Вања и Панче

11/05/2026

Еден од најтешките и најпотресни кривични случаи во поновата македонска историја денеска повторно се најде пред судските органи, откако Апелацискиот

Родителите на загинатите во „Пулс“: Системот ни ги уби децата, а институциите молчат

10/05/2026

Пет месеци по седницата на собраниската Комисија, одржана по претставката на Здружението „16 Март 2025“, родителите на загинатите во трагичниот

Сончев почеток на неделата, променливо облачно во следните седум дена

10/05/2026

Македонија се подготвува за недела со релативно стабилни температури, но со зголемена облачност која ќе не придружува речиси во текот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy