
Димитриеска Кочоска: Не е страшно да се надмине психолошката граница на задолжување
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во Дневникот на МТВ рече дека задолжувањето може да ја надмине психолошката граница, но дека најважно е со добиените средства да се овозможи развој кој ќе носи повеќе пари отколку што би чинеле инвестициите.
– Не очекувам дека ќе се задолжиме толку колку што не сите реализации на кредитите одат со посакуваната динамика. Во овој момент нема ризик од поголемо задолжување, а првото такво, бидејќи ги прибираме сега понудите за железницата, ќе биде од 2027 за железницата
Јас би сакала да одат и секој пат велам дека не е толку страшно да се надмине психолошката граница доколку се задолжувате за проекти кои ќе направат додадена вредност, рече министерката.
Министерката вчера со предлог-ребалансот на буџетот за 2025 рече дека ќе продолжи задолжувањето и дома и во странство, но уверува дека јавниот долг нема да биде поголем од 62 отсто од БДП.