
Димитријевски остана без тренер по серијата од три порази
Рајо се наоѓа во низа од три порази, а во последните 14 кола има само една победа како послдица на што се најде на 14. позиција на табелата. Засега опстанокот не е доведен во прашање бидејќи предноста пред 18-пласираниот Кадиз изнесува седум бода, но клубот мораше да реагира за да ја разбуди екипата.
По разделбата со Родригез, клубот на Столе Димитриевски не објави кој ќе биде негов наследник. Приоритет е Ињиго Перез, но прашање е дали во ваква ситуација и во овој период од сезоната тој би се согласил да ја преземе екипата.
