Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитријевиќ: Кривичната пријава за градоначалникот на Крива Паланка е срамен притисок и црна кампања
Македонија

Димитријевиќ: Кривичната пријава за градоначалникот на Крива Паланка е срамен притисок и црна кампања

24/07/2025

AA

 Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ денеска на прес конференција порача дека ВМРО-ДПМНЕ започнала со режимските практики пред избори.

„Кривичната пријава за градоначалникот на Крива Паланка е срамен притисок и црна кампања на власта против успешните градоначалници на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ знае дека не може да победи во Крива Паланка, па не им останува ништо друго освен да ги вклучат механизмите за притисок и монтиран прогон.

Режимот се враќа – граѓаните не смеат да подлегнат на овие злоупотреби, туку силно да одговорат на избори против старите режимски методи на власта.

Но ова не е изолиран случај. Во сите општини каде што раководи СДСМ, започната е инструментализирана кампања за притисок од сите можни институции. Се вршат инспекции и се измислуваат прекршоци, а во другите општини со кои раководат ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ништо не се проверува и нема инспекции.

Додека Тошковски срамно го брани криминалот на Висар Ганиу од 225 милиони евра, на оние кои чесно работат им измислува кривични пријави за да врши терор и заплашување.

Тошковски и Мицкоски мижат пред криминалот на ВЛЕН молчат за десетици скандали со местени тендери кои ги објави за нивните градоначалници, но измислуваат криминал кај СДСМ и нашите кандидати.

Ова е удар врз демократијата и слободата, врз правниот поредок! Тошковски треба да се срами што извршува вакви партиски задачи и што го злоупотребува МВР за партиски цели. Кога ВМРО-ДПМНЕ не знае како да се спротивстави и знае дека ќе изгуби, тогаш не бира средства – уништуваат семејства, газат по законот и заплашуваат. 

Но ова ќе им се удри од глава, а во Крива Паланка и во други општини ќе бидат поразени!

Сакам директно да им се обратам на нашите членови и функционери. Не смееме и нема да потклекнеме пред овие закани!

Ваквиот режим еднаш го преживеавме и победивме со упорност и со борба, со чесна работа и истрајност. Сега е потребно да се спротиставиме со цела сила, со фактите и вистината и граѓаните ќе препознаат кој е чесен, а кој режимски инструиран политичар!

СДСМ ќе продолжи да го разткрива режимскиот карактер на оваа власт кој само продолжува онаму каде што Груевски застана“, вели тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА СРДАНОВИЌ ЗА ПОБЕДАТА Премиерот очекува продолжување

26/10/2026
Македонија

СТУДЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ДОЖД, НА ПЛАНИНИТЕ И СНЕГ Температурите

26/10/2026
Македонија

„ФИЛИПЧЕ И СДСМ КАКО ДА НЕ СИ ЈА САКААТ ДРЖАВАТА“

26/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ПОМАЛКУ ПРОСТОР ЗА КОРУПЦИЈА Андоновски повикува на развој

26/10/2026
Македонија

717 студентски пријави за шест месеци: Доцнат стипендиите, во студентските

26/10/2026
Македонија

ЗАПЛЕНЕТИ 68 КИЛОГРАМИ КОКАИН БЛАГОДАРЕНИЕ НА МВР Македонец приведен во

26/10/2026
Македонија

ПРВО ПАДНАА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ, А ПОТОА ВУЧИЌ Ист пејач

26/10/2026
Македонија

ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО СКОПСКО Двајца упаднале во куќа со огнено

26/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46384
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА СРДАНОВИЌ ЗА ПОБЕДАТА Премиерот очекува продолжување на добрите односи со Србија

26/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со Илија Срдановиќ, носител на „Студентската листа“ во Србија, кому му честитал за изборниот

СТУДЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ДОЖД, НА ПЛАНИНИТЕ И СНЕГ Температурите ќе паднат, а ветерот ќе

26/10/2026

Променливо облачно време, пад на температурите и северен ветер што на места ќе надминува 60 километри на час. Таква временска

„ФИЛИПЧЕ И СДСМ КАКО ДА НЕ СИ ЈА САКААТ ДРЖАВАТА“ Јаревски ја обвини опозицијата за

26/10/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, во гостувањето на „Канал 5“ ги критикуваше ставовите на СДСМ за бугарските барања и евроинтегративниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy