
ДИК: Независните кандидати ќе поднесуваат листи со само два потписи
На денешната 129-та седница на Државната изборна комисија (ДИК), со шест гласа „за“ и еден „против“, членовите го усвоија правилникот кој предвидува независните кандидати да може да поднесуваат листи за советници со само два потписи.
Со оваа одлука се олеснува постапката за учество на независните во изборниот процес на локално ниво, а правилникот ќе стапи во сила по неговото објавување во „Службен весник“.
Инаку, во саботата Собранието закажа итна седница на која требаше да има измени на Изборниот законик со кој се предвидуваше 0,9% од вкупниот број на запишани избирачи во општината да биде потребниот број на потписи за поднесување на кандидатури на советници од независните листи. Но поради немањето доволен број на пратеници и поради бадентер измените на Изборниот законик не беа изгласани, а претходно Уставниот суд го укина членот со кој се предвидуваше 1% да имаат потписи од вкупниот број избирачи во општината.