
ДИК назначи нови членови во општинските изборни комисии
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изврши разрешување и случаен избор на нови претседатели, заменици претседатели, членови и заменици членови во неколку општински изборни комисии.
Вкупно беа разрешени 41 лице ангажирано во општинските изборни комисии (ОИК), кои преку доставена документација до ДИК докажале дека не можат да ги исполнат своите изборни обврски. На нивно место беа избрани нови лица од редот на администрацијата.
Членовите на ДИК го прифатија предлогот на Дитмире Шеху новоизбраните членови веднаш да бидат контактирани телефонски, со цел ОИК да се комплетираат и да започнат со работа пред локалните избори закажани за 19 октомври 2026 година.
Исто така, на денешната седница ДИК го усвои планот за вработувања за 2026 година.