
ДИК: Чекаме Службен весник да ја објави одлуката за распишани избори, па ќе ги започнеме процедурите
Доцна вечерва заседаваше Државната изборна комисија. Под втората точка разно, претседателот на Комисијата, Александар Даштевски рече дека ја очекуваат одлуката за распишување на избори да се објави во службеник весник, а потоа веднаш како тело задолжено за организирање на избори ќе ги започнат процедурите.
„Го чекаме бројот, односно објавувањето во Службен весник за распсишување на изборите претседателски и парламентарни и поради тоа не можеме да почнеме со одржување на седница во врска со изборите. Штом го добиеме бројот, веднаш ќе закажеме седница и ќе ја известиме јавноста. Штом ќе биде објавено во Службен весник, ќе закажеме седница“, изјави Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија.
Инаку денеска претседателот на Собранието Јован Митревски ги распиша парламентарните и претседателски избори. Претседателски избори треба да се одржат на 24 април, а на 8 мај се закажани парламентарните избори.
Откако решението за изборите ќе биде објавено во Службен весник, треба да заседава Државната изборна комисија која ќе усвои роковници со што и официјално ќе почнат да течат изборните дејствија.
Според Изборниот законик, решенијата за распишување на изборите, ќе бидат доставени до Државната изборна комисија (ДИК). Кампањата за претседателските избори се очекува да започне на почетокот на април и неколку дена да се совпадне со кампањата за парламентарните избори. Во овој период не може да има вработувања, унапредувања и инвестиции