Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дигитална евиденција и строги санкции: Што предвидува новиот Закон за извршување?!
Македонија

Дигитална евиденција и строги санкции: Што предвидува новиот Закон за извршување?!

16/01/2026

AA

Предлог-измените и дополнувањата на Законот за извршување се објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР, со што започнува јавната расправа за законски решенија кои носат значајни промени во начинот на работа на извршителите, надзорот и спроведувањето на извршувањето.

Според актуелниот Закон за извршување од 2016 година, извршителите постапуваат како самостојни носители на јавни овластувања, со сопствени евиденции, без централизирана електронска архива. Продажбата на недвижен имот се спроведува со физичко јавно наддавање, а дисциплинската одговорност постои, но дел од одредбите оставија простор за различна примена во пракса.

Со предложените измени, Министерството за правда предвидува неколку клучни новини:

Централизиран систем и дигитализација
За првпат се воведува унифициран и централизиран софтвер, како и централна електронска архива во Комората на извршители, каде ќе се води целосната евиденција за сите извршни предмети. Со тоа се напушта досегашниот модел на поединечни евиденции кај секој извршител.

Електронско јавно наддавање
Наместо исклучиво физичко присуство, продажбата на недвижен имот ќе може да се врши преку електронско јавно наддавање, со можност за лицитирање од далечина – решение што треба да ја зголеми транспарентноста и конкуренцијата.

Јасни правила за здружување и отсуство на извршители
Новите одредби прецизно уредуваат кога и како извршителите можат да работат во заеднички простории, без да се меша одговорноста. За првпат детално се пропишува и постапката за отсуство на извршител – до 10, 60 или над 60 работни дена, со обврска за јавно известување.

Построги дисциплински правила
Предлог-законот ги проширува дисциплинските повреди и мерки, вклучително и за неуредно водење на електронската евиденција, непочитување на рокови или примање готовина. Целта е да се спречи различното постапување што беше забележано во досегашната пракса.

Финансиски импликации и надзор
Се предвидува додаток на плата од 30 проценти за вработените кои вршат надзор над работата на извршителите, што претставува директно буџетско влијание, но и сигнал за зајакнување на контролата.

Од Министерството за правда наведуваат дека измените имаат за цел поефикасно и поеднакво спроведување на извршувањето, поголема правна сигурност и побрза наплата на побарувањата, што треба позитивно да се одрази и врз деловната клима. Предлог-законот е усогласен со Развојната секторска стратегија за правосудството 2024–2028 година и е изработен со учество на институции, комори и стручната јавност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy