Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дигитализацијата е решение за сеприсутната корупција и достапни услуги за сите граѓани
Македонија

Дигитализацијата е решение за сеприсутната корупција и достапни услуги за сите граѓани

20/02/2024

AA

Во своето обраќање на TAIEX работилница за Дигитални општини – транспарентен и ефикасен јавен сервис, организирана од Центар за развој на Скопски плански регион и поддржанa од Европската унија, Дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски ја истакна итната потреба на Македонија да ги прифати дигиталните иновации за подобрување на јавните услуги и управувањето.

Дополнителниот заменик министер ги нагласи предизвиците со кои што моментално се соочуваме во дигитализирањето на нашиот систем, како што се финансиските ограничувања, застарената инфраструктура и ограничените дигитални вештини . Тој ја подвлече важноста од усвојување сеопфатен пристап кон дигитализацијата кој е достапен, лесен за користење и инклузивен за сите граѓани. „Неопходно е да се подигне свеста кај носителите на одлуки дека дигиталната трансформација не е висока политика и апстрактен поим, туку реална потреба кој како последица ќе создаде бројни бенефити за економскиот и општествениот развој на државата. Едноставно, ова е национален проект од највисоко значење.“

Андоновски, укажа на разликите помеѓу нашата земја и соседните земји од регионот во однос на дигиталниот напредок. Тој истакна дека многу основни услуги сè уште се недостапни на интернет, принудувајќи ги граѓаните физички да ги посетуваат владините канцеларии, губејќи време и ресурси. Нагласувајќи ја потребата од јасна национална стратешка рамка, Андоновски смета дека дигиталната трансформација ќе донесе зголемена ефикасност, транспарентност и довербата на граѓаните во владините институции.

„Процесот на дигитализација ќе биде и лек за корупцијата“ истакна Андоновски. “Од ситна корупција кај обичен административен службеник кој би требало да заврши некоја едноставна процедура, до крупна корупција кај инспектор за да не казни очигледно кршење на законите. Резултатот – загадување на животната средина, бесправно градење, спорни јавни набавки, крадење на државните пари, расходување на државните ресурси.“ Затоа, според Андоновски, носителите на одлуките и граѓаните треба да ја препознаат важноста на дигиталната трансформација и да работат заедно кон иднината каде што технологијата ќе им служи на потребите на сите граѓани, ќе се објективизираат процесите за да се избориме против корупцијата и ќе привлечеме нови компании.

„Целосна автоматизација на процесите до степен до кој постапката тоа го дозволува, со цел намалување на човечкото влијание од субјективно носење одлуки во работните процеси. Тоа е нашата цел и за тоа треба да дефинираме јасен и општоприфатен патоказ.” – нагласи Андоновски.

Како заклучок, Андоновски повика носителите на одлуки и граѓаните да ја препознаат исклучителната важност на дигиталната трансформација и да работат заедно кон иднината каде што технологијата ќе им служи на сите потреби на граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите

27/09/2026
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите ќе растат

27/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во понеделник, а температурите во текот на денот ќе се движат од

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy