Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дигитализацијата е неопходен чекор за одржлив развој – „Тиквеш“ во соработка со водечки светски експерти отвора ново поглавје во лозарството
Македонија

Дигитализацијата е неопходен чекор за одржлив развој – „Тиквеш“ во соработка со водечки светски експерти отвора ново поглавје во лозарството

02/03/2023

AA

Во согласност со својата стратегија за имплементација на ЕСГ-стандардите до крајот на следната година и поставување на македонското вино на светската винска мапа, винарската визба „Тиквеш“ започнува соработка со една од најреномираните светски консултантски компании во областа на лозарството – Перлеуве (Perleuve) од Италија. Оваа позната компанија е предводена од Џовани Бигот (Giovanni Bigot), водечки светски истражувач и промотор на иновации во лозарството, кој воедно е консултант на најдобрите винарници во Италија и во други земји. Во глобални рамки е познат по т.н. „Бигот индекс“, што претставува иновативен метод за оценување на квалитативниот потенцијал на лозјата.

Во рамки на оваа соработка што ќе се одвива во следните пет години, а е поддржана од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), експертскиот тим на Перлеуве, предводен од Бигот, ќе врши опсервации и ќе ги сподели со тимот на „Тиквеш“ најсовремените практики за производство на здраво, висококвалитетно грозје од кое се произведуваат врвни вина.

Во почетниот период од соработката експертите од Перлеуве ќе бидат ангажирани на лозовите насади на „Тиквеш“, а потоа стекнатите нови знаења и искуства ќе се прошират и на голем дел од лозовите насади на партнерите и лозарите со кои винарницата има долгорочни партнерски односи. Тоа неминовно ќе има позитивно влијание врз натамошниот одржлив развој на домашното лозарство и македонската винска индустрија во целина. Истовремено, со воведувањето на овие новини, „Тиквеш“ го трасира патот кон дигитална иднина и за останатите винарници во нашиот регион и има предводничка улога во создавањето вистински услови за долгорочен, одржлив развој на домашното лозарство и винска индустрија.

„Тиквеш“ веќе има воспоставено ефикасен систем за мониторинг на лозовите насади што обезбедува податоци за сите значајни параметри за квалитетот на грозјето, почнувајќи од начинот на одгледување, правилното искористување на почвените ресурси, наводнувањето, заштитата од болести и штетници, како и податоци од агро-метеоролошките станици и сателитски снимки на парцелите. Сите овие податоци се обработуваат во софтверска апликација за мониторинг – „4Grapes”, која овозможува следење на состојбата на секој лозов насад во реално време. Ова има  клучно значење во носењето навремени и правилни одлуки во лозарството.

„Со дигитализацијата во производството на грозје, како и преку експертизата што ќе ја добиеме преку соработката со тимот предводен од Џовани Бигот, ја подигнуваме контролата на лозовите насади на највисоко ниво. Природните услови што ги имаме за одгледување грозје во нашата земја, како и сѐ поизразеното влијание на климатските промени нѐ принудуваат да правиме прилагодувања и да воведуваме модерни практики во лозарството, за потоа, како лидер во регионот, да ги пренесеме на останатите со цел одржлив развој на лозарството“, велат од „Тиквеш“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy