
Дибиров даде осум гола, но ППД Загреб загуби од ГОГ
ГОГ имаше водство од самиот почеток, а во завршницата на првото полувреме влезе во одлична серија и избега на осум разлика (20-12).
Предноста на домаќинот растеше и до +10 (26-16), но ППД Загреб почна да се буди во второто полувреме и намали на 27-30, но тоа беше доцна бидејќи ГОГ со мини серија од 3-0 повторно им избега на гостите и го потврди триумфот.
Екс-вардарецот Тимур Дибиров постигна осум гола за ППД Загреб, додека Толбринг со пет беше најдобар кај ГОГ.
Во вториот меч вечерва ПСЖ славеше во дербито против Веспрем со 37-35.