Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Diamond Mall ја отвори „Зоната на соништата“ – волшебно место за децата и возрасните
Македонија

Diamond Mall ја отвори „Зоната на соништата“ – волшебно место за децата и возрасните

01/12/2023

AA

Продолжуваат изненадувањата во Diamond Mall. Сите сонувачи со отворени очи, отсега имаат свое место во „срцето на градот“. Од денес започнува со работа „Зоната на соништата“ (Dream Zone), кадешто децата, но и возрасните, ќе можат да уживаат во светот на фантазијата. „Зоната на соништата“ е лоцирана на две нивоа, на првиот и вториот кат во Diamond Mall, на површина од 3.500 метри квадратни, што ја прави една од најголемите во земјава.

„Зоната на соништата“ е уникатна и по своите содржини. Посетителите ќе можат да уживаат во трите тематски делови „Roleplay House“, „Kids Venture“ и „Immersive Zone“, каде што има 15 различни содржини. Таа има и едукативен дел, сместен во „Roleplay House“, каде во автентичен простор, децата ќе можат да учат за различни професии и активности од секојдневниот живот, како на пример што се случува во полициска станица, библиотека, пожарна служба, супермаркет и слично. Зоната има ресторан, сместен на првиот кат, и кафуле, кое е лоцирано на приземјето, а за посебни прослави има соодветна наменска просторија.

„Зоната од соништата е многу важен дел од Diamond Mall и ние сме исклучително задоволни што можеме да ја претставиме и отвориме за децата од различни возрасти.  Како што е и името на овој простор, сакаме да ги поттикнеме најмладите да сонуваат и да се стремат кон вистинските вредности во животот. Ексклузивна карактеристика на ,Зоната од соништата’ е комбинацијата од забава и едукација и е развиена според најновите трендови за ваков тип на содржини. Уверени сме дека, покрај другите содржини, ќе биде причина за посета на трговскиот центар и дека ќе привлече деца и возрасни од целата земја, но и од соседството“, истакна Селин Октај, генерална менаџерка на Diamond Mall.

За функционирањето на „Зоната на соништата“ се грижат вкупно 20 обучени вработени, чија задача е да ги водат децата низ играта и едукацијата за време на нивниот престој во овој простор. Еден оператор во оваа зона се грижи за група од 8-10 деца.

Заедно со „Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue)  и продажниот сегмент сочинет од 150 продавници, „Зоната на соништата“, е една од трите клучни целини на Diamond Mall. Со отворањето на „Зоната на соништата“ се става во функција целокупниот концепт на Diamond Mall. Минатата недела започна со работа и „Гурманската авенија“, при што ресторанот „Amigos” прв ги дочека своите гости, а по него и „M House” и „Sarajeva Steak House”. Наскоро ќе започнат со работа и „Su Roastery”, „SushiCo”, „Tribeca” и „The Table”.

Diamond Mall беше отворен на 20 октомври годинава и за кратко време стана едно од најомилените места во Скопје. Трговскиот центар располага со голем број влезови кои овозможуваат лесна пристапност од било кој дел на централното градско подрачје, независно дали се доаѓа со возило, со јавен превоз или пешки. На располагање на посетителите на центарот се ставени и 2.900 паркинг места. Групацијата „Лимак“ инвестираше над 350 милиони евра во изградба на мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“, од кој е дел и Diamond Mall.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy