
Дијабетичарите повторно се соочуваат со недостиг на инсулин и терапија
Пациентите со дијабетес имаат недостиг на инсулин предупредуваат од Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија. Констатирано е дека се појавува и недостиг на антидијабетна терапија Оземпик и Рибелсус. Ова го отежнува животот на пациенти со дијабетес и потребно е што поскоро решавање на проблемот, бараат од Сојузот на дијабетичари.
Од Сојузот на дијабетичари испратиле прашање до Министерството за здравство, за состојбата која е присутна од октомври. Одговорот, зошто нема инсулин, бил дека заради ревидирање на количините на Ризодег, согласно количините предвидени во реализација на тековниот тендер, се делеле само останати количини, а другите е пациенти требало да ги консултираат докторите за замена на инсулинската терапија.
Моменталната состојба со недостиг на инсулин и терапија, од Сојузот сметаат дека ги потврдува нивните долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терапија и помагала со отворен пазар и воведување на референтни цени.