Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Девојчињата се во поголема мера предмет на онлајн врсничко насилство: Анкета на Институтот за човекови права
Македонија

Девојчињата се во поголема мера предмет на онлајн врсничко насилство: Анкета на Институтот за човекови права

06/03/2024

AA

Околу 20 проценти од учениците биле или можеби/веројатно биле предмет на онлајн врсничко насилство во изминатата година. Споредено по пол, девојчињата биле во поголема мера предмет на онлајн врсничко насилство во изминатиот период од момчињата. Ако резултатите се погледнат по основ на етничка припадност една третина од учениците Роми рекле дека биле предмет на онлајн врсничка насилство, што е значително повеќе од било која друга етничка заедница.

Ова се резултатите од спроведената анкета на тема „Сајбер булинг во средините училишта во Република Северна Македонија“ што ја изработи Институтот за човекови права.

Доминантен облик на онлајн врсничко насилство, според анкетата, е озборувањето, со 35,8 проценти од вкупниот број на потврдени или можни случаи. Озборувањето значително повеќе ги погодува девојчињата. Од друга страна, момчињата во поголема мера добиваат несакани пораки на социјалните мрежи и се предмет на игнорирање/исклучување во споредба со девојчињата.

На денешниот настан „Борба против онлајн врснички насилство врз девојчињата“ што се одржа во Европска куќа, Мартин Сопронов од ИЧП појасни дека девојчињата врз девојчињата најчесто вршат онлајн насилство затоа што тоа го прават од љубомора. Додека, и момчињата вршат повеќе онлајн насилство врз девојчињата поради забава или покажување моќ и доминација.

-Согледувањата на децата беа дека иако професорите и административните работници во училиштата ги препознаваат и дури и со прст можат да ги покажат кои се тие кои што вршат онлајн врснички насилство или врснички насилство, заради пребукираност со работа, често пати се откажуваат да преземат какви било чекори и оставаат процесите да се одвиваат стихијно. Доколку се смири ситуацијата, во ред, евентуално ако ескалира, тогаш преземаат некои чекори, вели тој.

Дополнува дека дури децата и да се охрабрат да пријават, тој процес не оди така анонимно и заштитено и многу лесно протекуваат информациите и после истите жртви се дополнително предмет на онлајн врсничко насилство или на врсничко насилство заради таквиот процес.

Даниела Андоновска, експертка за родова еднаквост, ги наброја препораките од извештајот кои, како што кажа, биле насочени кон училиштата, социјалните медиуми и интернет порталите.

Особено е важно да има континуирана едукација и зголемување на дигиталните вештини на учениците. Меѓутоа, истовремено и соодветни обуки кои што ќе бидат наменети за наставниот кадар како и за стручните служби во училиштата, вклучувајќи ги тука и психолозите и педагозите, вели таа.
Дополнува дека е неопходно и поголемо вклучување на трети лица, односно оние случајни сведоци на овие настани на сајбер булинг.

– Затоа, меѓу препораките се и формирање на групи за поддршка кои што ќе бидат составени од самите врсници и пред сѐ тоа да бидат родовохетерогени групи за поддршка. Понатаму, евентуално воведување на интерни линии за пријавување на различните форми на сајбер букинг, вели Антоновска.

Спроведената анкета покажува дека учениците поминуваат најголем дел од своето слободно време на социјални мрежи, во просек нешто повеќе од 4 часа. Притоа, девојчињата поминуваат во просек околу 1 час дневно повеќе на социјални мрежи од момчињата.

Учениците најмногу ја користат социјалната мрежа Instagram. Втора најкористена е Тик Ток, и трета е You Tube. По нив следат Ѕnаpchat, Facebook, X (претходно позната како Twitter) и Telegram.

Најмногу социјалните мрежи од страна на учениците се користат за комуницирање, потоа следи слушање музика, гледање видеа, и следење новости и трендови.

Нема разлика врз основа на пол во однос на сексуално вознемирување како облик на онлајн врсничко насилство.

Најголем дел од онлајн врсничко насилство се случува на социјални мрежи и притоа, најголем дел од тоа се случува на мрежата каде што младите се најприсутни, Инстаграм.

Во однос на перцепцијата за тоа кој е почесто жртва на сајбер булинг врз основа на полот, скоро половина од учениците сметаат дека тоа се девојчињата и девојчињата се многу повеќе склони да се сметаат себе за предмет на онлајн врснички насилство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Продолжува драмата со кравите во Крива Паланка – МВР и

25/02/2026
Македонија

Гостин во „Пулс“: Мислевме дека е сценска анимација – таванот

25/02/2026
Македонија

Измамен маж од Битола за 10.000 евра, му кажале дека

25/02/2026
Македонија

ИНСПЕКТОР ПРИЈАВЕН ЗА ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА Oвозможил осомничениот да манипулира

25/02/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ИНСПЕКТОР ОД КОЧАНИ: Му дозволил на осомничен

25/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во скопска Ќерамидница, пронајдена почината сопственичката, телото

25/02/2026
Македонија

Тошковски: Безбедноста на нашите дечиња е наша заедничка обврска, затоа

25/02/2026
Македонија

Шилегов: Ова што се случува во судницата е лакардија, обвинителството

25/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41923
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Продолжува драмата со кравите во Крива Паланка – МВР и АХВ во акција, семејството ги

25/02/2026

Обидот на институциите да стават ред со добитокот што со месеци слободно се движи низ кривопаланечкиот регион денеска прерасна во

Гостин во „Пулс“: Мислевме дека е сценска анимација – таванот почна да гори веднаш по

25/02/2026

Пред Судот сведочеше и Алберто Миладинов, кој кобната ноќ бил присутен во дискотеката и го снимал настапот кога избувнал пожарот.

Измамен маж од Битола за 10.000 евра, му кажале дека внука му паднала на скали!

25/02/2026

На 24.02.2026 во 13:30 часот во СВР Битола, 83-годишник од Битола пријави дека бил измамен од едно лице за сума

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy