Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЕВОЈЧЕТО КОЕ БЕШЕ ВРЗАНО ВО КАДА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА УЧИЛИШТЕ: Сместена е во згрижувачко семејство
Регион

ДЕВОЈЧЕТО КОЕ БЕШЕ ВРЗАНО ВО КАДА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА УЧИЛИШТЕ: Сместена е во згрижувачко семејство

15/08/2023

AA

Министерката за семејна грижа и демографија на соседна Србија, Дарија Кисиќ објави фотографии од посетата на девојчето Љ.П. и згрижувачкото семејство, во таа е сместена од средината на јуни, по закрепнувањето во здравствена установа и по тешкото запоставување што го доживеа од родителите.

Да потсетиме, станува збор за девојче пронајдено во текот на април во стан во Мириево, во када, во многу лоша здравствена состојба, неухрането, во темница. Се испоставило дека таткото Урош, кој во меѓувреме е уапсен, бил зависник од дрога и алкохол и бил во притвор пет години. Детето не беше видливо за системот, не било носено на систематски прегледи, ниту пак посетувала училиште.

– Девојчето од Мириево закрепна, напредува според очекувањата на стручњаците кои го следат нејзиниот развој, а во згрижувачкото семејство кое од 2004 година се занимава со оваа хумана работа, обезбедени се сите услови за нејзин понатамошен раст. Девојчето се подготвува да оди на училиште, а на приемните тестови покажала исклучителни резултати – велат од Министерството.

Министерката укажа на големото значење на згрижувачките семејства за децата без родителска грижа.

– Срцето ми е полно што девојчето закрепна и дека наскоро ќе седне на клупа со другарките, ќе се дружи, игра, учи и ќе има безгрижно детство како што треба да има секое дете. Тоа е најважната победа – рече Кисиќ и им се заблагодари на згрижувачките родители кои на девојчето му пружиле љубов, внимание, безбедност и топлина во домот, што дополнително и помогнало брзо да се опорави од тешките моменти низ кои поминала.

– Им благодариме на сите згрижувачки семејства кои на овие деца им ја даваат потребната љубов за да продолжат да живеат и да бидат среќни. Чувството на семејна средина е навистина од големо значење за нивниот понатамошен развој. Таа поддршка и сигурност им значи се на овие деца во многу тешките моменти низ кои минуваат – дополни таа.

Инаку, поведена е постапка против таткото на девојчето, кој го држел детето затворено во ужасни услови, а се товари за кривично дело семејно насилство, како и злоупотреба и тортура. Мајката на девојчето со претходна судска одлука делумно била лишена од родителска грижа.

Фото: Министерство за грижа за семејство и демографија на Србија

Извор: Новости.рс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy