
Девизните резерви во ноември пораснале на 4,86 милијарди евра
Девизните резерви на државата на крајот на ноември достигнале 4.862,2 милиони евра, со што се забележува пораст од 19 милиони евра во однос на претходниот месец, соопшти Народната банка.
Структурата на девизните резерви покажува дека најголемиот дел се вложени во хартии од вредност, кои учествуваат со 73,9 проценти. Потоа следуваат монетарното злато со 16,4 проценти и валутите и депозитите со 9,7 проценти.
