
Деветмесечно бебе донесено починато во болницата во Велес
Во СВР Велес вчера во 8:30 часот од Општата болница во Велес било пријавено дека на Детското одделение било донесено починато деветмесечно бебе од селото Сливник.
Според првичните информации, бебето и претходно имало здравствени проблеми.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.
