Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЕВЕТ УТРИНСКИ „БОМБИ“ СО АКЦИИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ – фрчат блокови, се свртеа над пет милиони евра, што ќе донесе новиот понеделник
Економија

ДЕВЕТ УТРИНСКИ „БОМБИ“ СО АКЦИИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ – фрчат блокови, се свртеа над пет милиони евра, што ќе донесе новиот понеделник

04/11/2024

AA

Не трилер, туку вистинска драма се случува деновиве со акциите на Македонијатурист. Фрчат блокови, купувачите не прашуваат за цена. 

Денешниот ден на Берзата осамнаа девет блок трансакции со акциите на Македонијатурист, за кои засега, барем официјално, не се знае кој продаде, а кој купи акции. Кој точно и колку купи и продаде ќе се знае наредниот понеделник кога Централниот депозитар за хартии од вредност ќе ја објави ревидираната сопственичка структура на оваа најголема и најсуспешна македонска хотелиерска компанија. 

А, она што е заедничко за сите блок трансакции е дека купувачот или купувачите буквално не прашуваа за цена само за да купат парче повеќе од акциите на Македонијатурист.

Односно, сите тие во сите девет блок трансакции платија по 9.500 денари за акција на оваа компанија, при што треба да се има предвид дека на последното редовно берзанско тргување кое се случило на крајот на октомври цената на акцијата била на ниво од 7.755 денари по акција, додека, пак, највисока редовна цена во последниов период била на почетокот на октомври, и тоа 9.081 денар по акција. 

Но, мора пак да се има предвид дека досегашната значајна акционерка Соња Бибановска, или доскорешен втор по големина акционер во тоа друштво, ги продаде своите 11,27 отсто од акциите, или 50.953 акции, значи сите што ги поседуваше, и токму поради атрактивноста на својот пакет таа успеа да постигне цена од 11.070 денари по акција, со што во еден ден инкасира 9,2 милиони евра од продажбата.

Да видиме сега за деветте блокови што утрово поминаа на берзата.

Во првиот се продадоа 13.345 акции, што е солиден процент од 2,95 отсто од вкупниот акционерски капитал на компанијата. За овој процент купувачот плато 2,061 милиони евра во исти ден. 

Вториот пакет помина количина од 789 акции, што е 0,17 отсто, и за овој пакет се платени 122 илјади евра. 

Третиот блок се 1.620 акции или 0,36 проценти, за кои се платени 250 илјади евра. 

Четвртиот пакет се 4.244 акции и тие тежат близу еден отсто или прецизно 0,94 проценти од вкупниот капитал, а сумата што за нив е платена изнесува 656 илјади евра. 

Петтиот пакет се 2.779 акции, или 0,61 отсто од капиталот, што купувачот го чинело 429 илјади евра.

Продажбите не запираат тука, па шестиот блок исто така се 5.779 акции, што изнесува солидфни 1,28 отсто од капиталот, што чини вкупно 893 илјади евра.  

Седмиот пакет е помала количина од 626 акции, што е 0,14 отсто од акциите, или чинело 97 илјади евра.

Осмиот пакет е исто така одлуична количина, односно 3.068 акции или 0,68 проценти од компанијата, и тоа е рамно на сума од 474 илјади евра. 

И деветтиот пакет односно блок е помал односно 937 акции, што е 0,21 отсто и за него се платени 145 илјади евра.

Или, за сите девет блока денеска што поминаа ќе бидат платени 5,13 милиони евра. 

А, според последната денешна состојба на ЦДХВ за сопственичката структура на Македонијатурист, се гледа дека најголем акционер во таа компанија останува, барем засега, да биде Доне Таневски. Тој сега е претседател на Надзорниот одбор, а неговата ќерка Мирјана Таневска е претседател на Управниот одбор и оперативно ја води компанијата која располага со најмногу хотели во Македонија и сите се во главниот град.

Доне Таневски поседува 23,4 отсто од акциите, а по него следува Сава пензиски фонд со 8,8 отсто од акциите. Овој фонд е долгогодишен акционер во компанијата и останува долг период на пакетот од 8,8 проценти. 

По нив следува лицето Симеон Павлов, кој е нов акционер и кој постепено го зголемува својот пакет, за сега тој да изнесува 8,19 отсто, а по него следува исто така нов акционер, и тоа градежниот инвеститор Изо стоне ДООЕЛ, со 6,63 отсто од акциите, а и самата компанија има сопствени акции од 10 отсто. 

Уште околу 380 домашни физички лица поседуваат помали проценти акции во Македонијатурист. 

„Македонијатурист“ не е само хотелиерска компанија туку и трезор затоа што чува во кеш, акции, удели во фондови и депозити повеќе од 22 милиони евра. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал

10/08/2026
Македонија

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44947
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската полиција одзела документација

10/08/2026

Истрагата за случајот со загадувањето на водата во Гостивар е во напредна фаза, а досега е обезбеден значителен дел од

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026

Триесет и две пакувања со марихуана биле пронајдени при претрес на пратка наменета за осуденик во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“,

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по убод од комарец, епидемиолозите предупредуваат

10/08/2026

Бројот на лица заразени со западно-нилска треска во Македонија би можел да биде поголем од досега официјално потврдените 20 случаи,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy