Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Детската клиника во Скопје не ги платила глобите за незаконско постапување по смрт на деца – казната оди на суд
Македонија

Детската клиника во Скопје не ги платила глобите за незаконско постапување по смрт на деца – казната оди на суд

09/02/2025

AA

Директорот на Детската клиника во Скопје и самата клиника сè уште не ги платиле двете глоби изречени по вонредните инспекциски надзори, спроведени поради смрт на деца. Според директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Кирил Лазов, казната за незаконско постапување ќе биде побарана преку судска постапка.

Во изминатите четири месеци, седум деца починале во здравствени установи, а последниот трагичен случај се однесува на четиригодишно дете од Струга. Инспекторатот извршил надзор во Општата болница во Струга и утврдил дека детето страдало од тешка форма на церебрална парализа, со чести хоспитализации, вклучително и во Клиниката за детски болести во Скопје, како и во болници надвор од државата.

„Детето било примено со дијагноза акутен бронхитис, по што му била дадена интравенска и инхалациона терапија. Следниот ден, состојбата не се подобрила, па биле направени дополнителни испитувања, рендген на бели дробови и лабораториски анализи. По влошување на општата состојба, за време на терапијата, дошло до застој на дишењето и срцевата функција, а реанимацијата била безуспешна,“ наведува Лазов.

По спроведените контроли, ДСЗИ ја проследил информацијата до Министерството за здравство, со иницијатива за формирање стручен надзор во овој случај.

Според Лазов, ДСЗИ нема овластување да ја оценува стручноста на медицинскиот тим и нивното работење.

„Како инспекторат, ние немаме надлежност да цениме стручност. Затоа ја испраќаме информацијата до министерот, кој може да формира стручен надзор за оценка на медицинските постапки.“

Овој случај, како и неодамнешните смртни случаи во детските здравствени установи, повторно го отвора прашањето за одговорноста и стандардите во здравствениот систем, а неизвршеното плаќање на глобите ја потенцира потребата од засилена контрола и санкционирање на неправилностите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46650
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли до 20 степени

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy