
Детската болница Козле остана без вода – децата ќе се бањаат со вода од цистерни, директорката бара донации
Детската болница Козле остана без вода, а 30 деца кои се хоспитализирани таму ќе се бањаат со техничка вода од цистерни, јавува Сител телевизија.
Директорката на болницата, Катерина Бошкова во изјава за телевизијата вели дека чекаат донации за вода за пиење од општествено одговорни компании.
Како што вели, ако проблемот не се реши за брзо, планирано е реорганизација на пациентите.
Во истовремено, и неколку други делови од Скопје се исто така без вода.
