
Детска кошула од познатиот бренд Зара повлечена од продажба во продавниците во Србија
Бебешката кошула на брендот Zara се повлекува од продажба поради опасност од задушување.
Станува збор за детска кошула со долги ракави со пет копчиња напред, марка Zara. Референтниот број е 6048/551/400, а бар-кодот е 06048551400188.
Според Министерството за трговија во Србија, постои опасност од задушување. Имено, утврдено е дека копчињата лесно се откопчуваат и се одвојуваат од кошулата, а децата можат да ги стават во уста и да ги голтаат.

Клиентите кои ја купиле оваа кошула можат да се жалат и да добијат рефундирање. Производителот тврди дека последните примероци од овој производ биле продадени во јануари, пренесува „Нова.рс“.
ФОТО: EPA/MAXIM SHIPENKOV
