
Детонит го прегази Скопје на Автокоманда!
Радовишани и во минатата сезона покажаа дека се одличен тим и беа веднаш зад големата четворка која се бореше за местата во елитата, а сезонава одлично ја отворија со две победи во два меча, како и главните фаворити Пелистер и Беса, како и повратникот во второлигашкото друштво и екс-освојувач на Купот, Башкими.
Смилков, Кудијан, Христов и Фејзуловски дадоа по еден гол за Детонит убедливо да го победи Скопје, за кој единствениот гол го постиган Иван Настевски. Инаку мечот беше решен во завршните 10 минути кога радовишани дадоа три од четирите гола.
Ова второ коло во второлигашката конкуренција е некомплетно зашто езерската пресметка на Охрид и Караорман е презакажана за 30 август, поради одлуката на ФФМ да се сочува теренот во Охрид за дуелот на Струга со Брејдаблик во четврток, иако денеска Воска и Вардар играа прволигашко дерби на него.
