
ДЕТЕТО УБИЕЦ СЕГА Е НА ПОСЕБЕН ОДДЕЛ НА НЕВРОПСИХИЈАТРИЈА: Самиот повикал полиција по крвавиот масакр
На вонредната
прес-конференција на која се обрати српскиот претседател, Александар
Вучиќ, по повод денешниот масакр во училиштето во Врачар, меѓу другото истакна и дека Коста Кецмановиќ,
детето-убиец веќе е сместено на посебен оддел на невропсихијатрија.
– Од овој момент
момчето е на посебно место. Тој ќе биде сместен во посебен дел на Клиниката за
невропсихијатрија. Неговиот татко како сопственик на оружје кое несоодветно го
чувал иако имал дозволи е уапсен, мајка му исто така приведена, истакна тој.
Седмоодделенецот Коста
кои имал разработена шема за убивање на „примарни цели“, утрово уби осум
ученици и работник од обезбедувањето во ОУ „Владислав Рибникар“. Злосторството
го испланирал месец дена однапред и ги мапирал своите другари и редоследот по
кој ќе ги убие.
По крвавиот
масакр од училишниот двор повикал полиција која веднаш го уапсила.
ФОТО: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

