
Дете со електричен тротинет удрило во старец – двајцата се повредени
Во неделата, во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и малолетникот и пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.